Воспитување

„По седмата година детето ќе слуша и некој друг, а не само родителот“: Во овој случај имате 2 избори

„Порано беше послушен и секогаш можевме да се договориме. Но, сега се расправаме за сè. Зборот ‘мораш’ повеќе не функционира. Не знам што да правам…“ – ова се реченици што родителите често ги изговараат кога нивното дете ќе наполни 6 или 7 години.

Многумина се чувствуваат беспомошно и почнуваат да се преиспитуваат: дали некаде згрешиле, дали биле премногу нежни? Тогаш почнуваат со строги казни, но сфаќаат дека ни тоа повеќе не функционира.

Педагозите објаснуваат дека ова е нормална развојна фаза. Ако детето престанало да ве слуша, тоа значи дека влегува во процесот на сепарација (одвојување).

Зошто родителот повеќе не е единствен авторитет?

Колку и да им е тешко на родителите, по седмата година тие престануваат да бидат единствен авторитет за детето. Детето почнува да ги оспорува нивните одлуки и се обидува самостојно да дојде до одговори.

Кај детето на оваа возраст созрева префронталниот кортекс на мозокот, па тоа почнува да бара алтернативни гледишта. Не сака повеќе слепо да слуша, туку сака да разбере зошто нешто мора да се направи.

Зошто е опасно насилно да барате послушност?

Патот до самостојност секогаш минува низ сомнеж и оспорување на авторитетот. Доколку на детето не му се дозволи правото да не се согласува, постојат две лоши сценарија:

  1. Ќе престане да размислува со своја глава: Ќе стане послушно, но конфузно и зависно од другите, па во возрасниот живот нема да знае самo да носи одлуки.
  2. Уште посилно ќе се спротивстави: Ова целосно ќе ги уништи односите и довербата меѓу вас.

Кој е новиот авторитет за детето и каква е вашата улога?

Задачaта на родителот во оваа фаза не е да ја држи власта во своите раце, туку да му создаде соодветна средина на детето.

Новите идоли и авторитети за седумгодишното дете стануваат:

  • Тренерот;
  • Постариот другар;
  • Учителката;
  • Некој лик или блогер што го следи.

Како да постапите?

  • Опкружете го детето со вистински луѓе: Бидејќи знаете дека нема директно да ве слуша вас, формирајте круг на возрасни луѓе (тренери, учители, роднини) чии вредности се слични на вашите. Дозволете детето да ги слушне важните животни лекции и од нив.
  • Спортот е од суштинско значење: Спортот и тренинзите на оваа возраст се важни не само поради физичката активност, туку за детето да добие позитивен авторитет во ликот на тренерот.

По седмата година детето се менува и нема да ве слуша како порано. Најважно е да останете присутни, да одржувате топол контакт со него и да не му ги наметнувате вашите ставови сосила, туку да го насочувате преку позитивни примери во неговата околина.

Извор

Поврзани написи

To top