Тргнувањето во градинка претставува голем чекор за секое дете, а една од најважните подготовки е јасната комуникација. Кога децата знаат со зборови да ги изразат своите потреби, емоции и граници, адаптацијата во новата средина е значително полесна и помалку стресна.
Еве ги 10. едноставни фрази што секој родител треба да ги вежба со своето дете:
- „Можеш ли да ми помогнеш?“
- „Може ли јас да бидам на ред кога ќе завршиш?“
- „Ми треба одмор.“
- „Не разбирам.“
- „Може ли да си играм со вас?“
- „Лут сум.“
- „Те молам престани, не ми се допаѓа тоа.“
- „Можеш ли уште еднаш да ми покажеш?“
- „Ми треба малку простор.“
- „Треба да одам во тоалет.“