Рецептот што ви го претставуваме е, пред сè, здрав, исклучително вкусен и нуди одлични можности да го приспособите на вкусот и на најпребирливото дете.
Основната состојка на овој сладолед е бананата, која треба да ја исечкате на крукчиња и да ја чувате во замрзнувач во соодветен сад најмалку два часа. Може да замрзнете и поголема количина однапред за да имате подготвена основа за сладолед за неколку дена.
Подготовка:
- Во блендер ставете една замрзната банана и една рака сезонско овошје.
- Бананата одлично се комбинира со црвено овошје (јагоди, малини, боровинки, капини), но може да употребите и киви, кајсија или кое било друго овошје што вашето дете го сака.
- Изблендирајте ги состојките додека не добиете кремаста смеса и послужете веднаш.
Зошто овој рецепт е одличен за целото семејство?
- Без додаден шеќер: Нема потреба од дополнителни засладувачи бидејќи бананата дава природна сладост и совршена кремаста структура.
- Дополнителни додатоци: За постарите деца и возрасните, во сладоледот може да додадете мелени или сечкани лешници, ф’стаци или други јаткасти плодови.
Со малку креативност, во овој брз и здрав десерт ќе ужива целото семејство!