За време на циклусот постојат неколку исклучително плодни денови во кои шансите за зачнување се многу големи. Во тие денови се исполнуваат различни физички, пред сè, хормонски предуслови за зачнување. Плодните денови ги вклучуваат следните важни моменти во циклусот:

-моментот на очекувана овулација

-бидејќи спермата може да преживее во телото на жената неколку дена, се смета дека 5 дена пред очекуваната овулација е време кога шансите за зачнување се големи.

-бидејќи јајце-клетката е плодна само 12 до 18 часа, плодниот ден се пресметува и ден по очекуваната овулација.

Одредете или пресметајте ги плодните денови

Најлесен метод за одредување на плодните денови е секако календарот за овулација. Доволно е да се внесе првиот ден од последната менструација и вообичаеното времетраење на циклусот. Календарот јасно и во разни бои ќе ви покаже кога има период со исклучително големи шанси за зачнување, кога има помали шанси за зачнување и кога зачнувањето е невозможно.

Метод за мерење на базалната температура во комбинација со набљудување на слузта

Иако има комплицирано име, тоа е едноставен метод: да забремените со помош на „симптотермалниот метод“ (исто така „метод за мерење на базалната температура“), што значи дека треба да направите две работи – да ја измерите температурата веднаш по будењето и да ја набљудувате цервикалната слуз во текот на циклусот (слуз од грлото на матката). Треба да ги внесете двете вредности во табелата со циклуси секој ден.

Овој метод има многу предности: освен што ги открива вашите плодни денови, помага и подобро да го запознаете вашето тело. Покрај тоа, можните неправилности на циклусот се препознаваат побрзо, а белешките за циклусот му помагаат на гинекологот да постави дијагноза.

Овој метод не е само сигурен, туку и евтин. Откако ќе ја исполните целта за планирање на семејството, сè уште можете да го користите како релативно сигурен метод на контрацепција.

Што ви е потребно? Само малку дисциплина, бидејќи треба да ја мерите температурата секое утро во исто време.

Како да се измери слузта?

Колку повеќе жената се приближува до половината од циклусот, односно до плодната фаза, нивото на естроген се зголемува, што влијае врз исцедокот, кој станува потранспарентен и растеглив. Ако во тој момент се обидете да ја растегнете слузта меѓу прстите, таа ќе се протега во должина од 5 до 6 см. Ова е еден од знаците дека е време за однос.

Постојат и LH-ленти кои може да се купат во аптеките за да се утврди овулацијата. Тие се користат за тестирање на урината. Тестот започнува на 8-ми до 9-ти ден од циклусот и се прави додека лентата не сигнализира овулација.

Микроскоп за плунка

Постојат и тестови за плунка кои може да се добијат од аптеките, но нивната точност се покажала како помалку ефикаснa.

Микроскоп за испитување на цервикалната слуз

Од слузта на грлото на матката (цервикална слуз) можете да дознаете кога започнува вашата плодна фаза: кога слузта е транспарентна, стаклеста, растеглива и водена, жената е најплодна. Дополнителни индиции: феноменот на папрат – кој е видлив само под микроскоп. Цервикалната слуз може да се забележи на влезот во вагината или да се земе од грлото на матката.

Извор



912

X