Болничарката Ники Јуркуц открива која храна претставува опасност од задушување на малите деца. На нејзината едукативна страница „Едукација за малите срца“ таа ги повикала родителите да бидат внимателни ако на своите деца им даваат путер од јаткасти плодови, како што е путерот од кикиритки.
-Путерот од јаткасти плодови може да ги заглави дишните патишта. Густ е и леплив, што го отежнува користењето на каков било вид прва помош за негово отстранување – рекла таа.
Јуркуц вели дека превенцијата е клучна и споделила неколку начини како безбедно да се направи путер од јаткасти плодови.
-За почеток, одберете го најкремастиот можен путер и разредете го со мајчино млеко, адаптирано млеко или вода. Можете да го измешате со друга храна, во форма на пире – советувала таа.
Истакнала дека на лебот може да се намачка тенок слој путер од јаткасти плодови, но и дека нема возрасна граница кога опасностите од задушување престануваат да бидат ризик.
-Дури и возрасните се познати по тоа што се задушуваат со храна, но ризикот се намалува кога детето има зрела и развиена техника на џвакање и голтање. Ова е генерално околу три или четири години, но секое дете е индивидуално – истакнала таа.
912