Здравје

5 начини како децата да ги покажат емоциите на вистински начин

Кога детето ќе го повреди коленото, знае дека повредата треба да се третира со посебни препарати, но кога ќе има ментални тешкотии, тоа не знае дека и тој вид „повреди“ треба да се санираат.

– Она со што главно се среќавав во практиката беа чести случаи на зголемено ниво на стрес кај средношколците кога аплицираа за запишување на факултет. Сега во канцеларијата имам петгодишник кој се бори со анксиозно нарушување и зголемен стрес – наведува Кати Харли, детски психотерапевт.
Порталот „HuffPost“ разговарал со експерти по детска психологија и психијатрија за тоа како на децата треба да им се предочи значењето на менталното здравје.

Тие предложиле пет едноставни начини кои им помагаат на децата да ги покажат емоциите на вистинскиот начин, да се чувствуваат сигурно и да водат сметка за менталното здравје како што водат и за физичкото.

1. Пробајте го методот „Емоционален вулкан“

Харли истакнува дека ја користи оваа метода кога зборува со децата и со нивните родители. Таа на бела табла црта вулкан и им објаснува дека секој доживува различни чувства во текот на денот и дека чувствата што нема да ги изразиме остануваат во вулканот, па нивниот интензитет расте сè повеќе додека не се случи експлозија. Тоа е моментот кога детето ќе почне да плаче, да ги шутира и да ги фрла работите.
Многу родители сметаат дека ваквото однесување е резултат на некое нарушување, а всушност се работи за потиснати емоции што не ги обработиле. Затоа е важно да ги научиме своите деца да зборуваат за своите емоции.

2. Бидете отворени и за вашите проблеми

Голем број студии го потврдиле влијанието на социјалните медиуми и видеоигри врз детското однесување, расположение и сонот. Се советува воведување на правила за забрана за користење телефони за време на оброците или играње игри пред спиење.
Исто така, важно е и вие на детето да му ја покажете вашата чувствителност за и тоа да сака со вас да сподели некој свој проблем.
Можете да кажете: „Денес имав проблем на работа, не сум сигурна дали се носам добро со него, но давам сè од себе“.

3. Охрабрете го детето да зборува за чувствата

Важно е да не заклучувате веднаш за што се работи врз база на изразот на лицето на детето, туку да му дадете шанса да ви опише низ што поминува и како се чувствува.
Ако забележите дека детето прави гримаса на некој стресен настан, наместо да му кажете дека нема потреба да се вознемирува, подобро би било да прашате: „Изгледаш вознемирено, што се случува, дали си добар?“

4. Научете го да медитира

Малика Чопра, експерт за медитација, наведува дека научила да медитира кога имала само девет години, изјавувајќи дека тоа е „голем подарок“ и дека со задоволство ги подучува децата на таа техника.
Mindfulness е техника на целосна свесност и им помага на оние што ја практикуваат да се сосредоточат на сегашниот момент. Оваа метода може да им помогне на децата полесно да станат свесни за своите актуелни чувства.

5. Поттикнете го да пишува дневник

Пишувањето дневник може да го ублажи стресот и да помогне кај анксиозноста и депресијата. На тој начин децата можат да ги раскажуваат своите приказни. Тоа им дава надеж, а надежта им е најпотребна на децата.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top