Двегодишните деца не се познати по споделувањето. Неодамнешна потрага на „Гугл“ со ваква тема генерирала повеќе од 100 милиони резултати: психолозите обезбедуваат водичи преку кои може да го научите вашето дете да споделува, а родителите разменуваат приказни за моменти за споделување на игралиштата. Можеби затоа се изненадив кога другарчето на мојата ќерка го делеше сладоледот со неа, така што ѝ го стави корнетот в уста.

Неговата мајка гордо се насмеа и го пофали што бил толку внимателен, но јас почнав да паничам. Зедов салфетка и се обидував да го избришам сладоледот од нејзиниот јазик, а потоа почнав да истурам вода по нејзиното лице, додека луѓето отстрана ме гледаа и се чудеа. Мојата ќерка има живото-загрозувачка алергија од јајца, а третата состојка на сладоледот е јајцето. На 4 години мора да носи со себе лек каде и да оди. Ги предупредувам келнерите во рестораните и родителите на нејзините другарчиња кога оди да игра со нив. И покрај нашите напори, таа сепак завршувала во службата за итна помош повеќе пати. Како да го едуцирате малото дете дека не треба да посега во колачињата и слатките што ќе се донесат на родендените или на другите активности што ги посетува?

Освен таа алергија, ќерка ми е здрава и имаме одлична медицинска нега. Дури имаме среќа да обезбедиме лек кога ѝ е потребен. Но, нашата среќа може да се промени ако престанеме опсесивно да ги читаме состојките. Или ако го оставиме детето само со семеен пријател кој вели дека претеруваме и се обидува да го нахрани со помфрит потопен во мајонез кој содржи јајца. „Денешните деца и нивните алергии. Кога бев млад, луѓето ги немаа сите овие алергии“, вели тој.

Иронијата е што семејниот пријател не греши во врска со едно тврдење: Алергиите на храна се во пораст. Но, тоа не е затоа што родителите-милениумци ги разгалуваат своите деца. Според ФАРЕ (Истражување за алергија на храна и едукација“, непрофитна организација од Вирџинија, САД, приближно 32 милиони луѓе во САД имаат алергија на храна, меѓу кои и едно дете на секои 13. Алергиите на храна испраќаат некого во итната помош на секои три минути, а повеќе од 40 отсто од децата со алергија на храна имале одредени алергиски реакции, како анафилактички шок.

Анафилактичкиот шок предизвикува имунолошкиот систем во телото да испушта хемикалии кои може да доведат до шок: крвниот притисок паѓа и стеснувањето на дишните патишта го блокира дишењето. Многумина го опишуваат искуството како застрашувачко – пациентите често велат дека имаат чувство како да умираат. Не знам како се чувствувала мојата ќерка кога нејзините дишни патишта почнале да се стеснуваат, бидејќи таа е премногу млада за да се изрази преку зборови. Но, нема да ја заборавам збунетоста во нејзините очи, звукот на мониторите и тубите преку кои вметнуваа лекови во нејзиното малечко тело. Ако анафилактичкиот шок не се третира веднаш, може да биде фатален. Па затоа мојата ќерка го носи лекот постојано во нејзиниот ранец.

Центрите за контрола на зарази и превенција откриваат дека алергиите на храна се присутни меѓу децата со 50 проценти, помеѓу 1997 и 2011 година. Алергија на кикиритки, која некогаш била невообичаена, се зголемила тројно помеѓу 1997 и 2008 година. Освен од здравствен аспект, алергиите имаат и економски последици. Грижата за деца што имаат алергии ги чинат американските семејства приближно 25 милијарди годишно.

Спротивно на некои верувања, порастот на бројката не е резултат на свесноста или подобрата дијагностика отколку во минатото. Ниту, пак, стапката може да биде поврзана со генетиката. Додека истражувањата сè уште се првични, сепак се покажува дека виновници се и процесите во животната средина. Алергиите се повисоки во урбаните средини отколку во руралните, а како фактори тука се вбројуваат изложеноста на загадувањето и промените во исхраната. Според неодамнешна студија, промените во човечкиот микробиом може да играат одредена улога. Микробиомот е заедница на микроби, меѓу кои и бактериите и габите, кои живеат во нашите црева и други делови од телото. Проценетите 1.500 вида бактерии што го компромитираат микробиомот одржувале симбиотска врска со нашите тела за време на еволуцијата, која траела милиони години.

Се шпекулира дека зголемената изложеност на антибиотици и антимикропски состојки во околината може да ја менува симбиотската врска и да го променува начинот на кој нашиот имунолошки систем одговара на потенцијални алергени, како јајца и кикиритки.

Треба да ја преведеме свесноста во поддршка за истражување кое ќе бара објаснувања зошто се зголемува бројот на алергии и дали сме во можност да ги лекуваме. Треба да се прошири покриеноста на здравствената нега за да се осигуриме секое дете да има пристап до лек. Свесноста да доведе до мали дејства кои веднаш ќе вродат со плод, на пример, учење едноставни чекори кои може да ги преземете за вашите деца со алергија да бидат безбедни дома, на училиште и во заедницата.

Мојата ќерка сега е поголема. Знае дека треба да прашува за состојките во храната и научивме да носиме вегански ужини на роденденски забави за таа да може да се присуствува на забавите. Сепак, понекогаш се чувствува изоставено. Но, тие искуства ја градат нејзината отпорност и емпатија за другите. „Можам да јадам многу забавни работи“, им вели таа на врсниците. „Можам да јадам лижавче“, вели таа и го грабнува нејзиниот син ранец.

Автор: Сара Ајвс

Извор



912

X