однесување Прашај психолог

Имам 8-годишни близнаци кои се многу немирни и на сите им кажуваат недолични работи. Што да преземам?

ПРАШАЊЕ: Имам близнаци кои имаат 8 години, но премногу се немирни. Не слушаат никого и почнаа на сите да им кажуваат недолични зборови. Што да преземам, загрижена сум.

ОДГОВОР: Ова што го опишувате бара значително внимание бидејќи ваквата состојба, особено кај близнаци, се манифестира со засилување во однесувањето бидејќи тие најчесто функционираат како тим, па границите полесно се тестираат.

Доколку не поставите структура во воспитанието, ваквото однесување може да се зацврсти. Иако вашиот исказ е краток, укажува на неколку сегменти од воспитанието, како немање јасни и доследни граници и отсуство на последица која треба да следува по одредено непожелно однесување. Потоа, важно е да утврдите дали недоличниот говор е начин на добивање внимание или, пак, е научен од некој модел. Вашата изјава „немирни се“ треба да ја истражиме во темелот на потребата која не е регулирана под тоа, што може да значи нерегулиран или преплавен нервен систем од екранизација, неканализирана кинестетичка енергија или непознавање граници, движење и регулирање.

Со смирен, доследен и конзистентен пристап, јасни правила, како и доволно движење, однесувањето може значително да се подобри. За понатамошна опсервација, контактирајте детски психолог.

Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Психит“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top