Малани Дарнел, мајка на три деца, направила мал проект со кој можат да се поистоветат сите што имаат деца. Цела ноќ се снимала додека се обидувала да заспие.
Како што можете да претпоставите, нејзините 3 деца многу се потрудија нивната мајка да спие што е можно помалку. И иако експертите не препорачуваат спиење заедно со бебето, сите сочувствуваат со оваа мајка.
Видеото го објави на „Инстаграм“, а снимката совршено објаснува зошто мајките никогаш немаат одмор од мајчинството.
– Родителството не престанува кога ќе заврши денот. Сакам да бидам добар родител ноќе еднакво како што сакам да бидам и дење. Имате две цели во родителството во текот на ноќта: да се одморите и да ги исполните нутриционистичките и емоционалните потреби на своето дете. Ова е тежок баланс кога ќе сфатите дека последните два часа на целосен мрак и одмор се при крај. Будењето во 4 наутро е особено болно. Сепак, се извлекуваме од креветот со матни очи и го земаме нашето бебе в раце – пишува мајката.
И иако неспиењето може целосно да го промени текот на вашиот ден, а да не го споменуваме расположението, оваа мајка вели дека ги цени тие немирни ноќи. Според неа, потребите на бебето се едноставни, да го држиш и да го нахраниш.
– На сите уморни мајки им порачувам длабоко да земат воздух. Овие денови и ноќи се интензивни, но пребрзо ќе поминат. И вие и бебето наскоро ќе спиете долго и цврсто. Засега, гушкајте ги своите бебиња, грижете се за нив и покажувајте им љубов без оглед колку е часот. Бебето што сега го заспивате еден ден можеби ќе има можност да го држи своето бебе во прегратка и тогаш ќе се сети и ќе ја цени својата мајка, вас – порача на крајот оваа мајка.