Интернетот им е верен пријател на многумина за време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот. Со повеќе од 1,5 милион следбеници, шеф Коби, едногодишно дете-волшебник во кујната, ги забавува обожавателите токму преку интернет-видеа во овој неизвесен период. Соодветно облечен, со шапка и престилка, Коби готви сè – од макарони со сирење до пилешко и други извонредни рецепти. Коби е најмалиот инфлуенсер за храна во светот! Освен тоа, сето она што ќе го зготви, тој мора и да го дегустира, па се смее секојпат кога гледа во камерата. Неговите движења и умешноста во кујната предизвикуваат насмевка кај сите што го гледаат.

Неговите видеа се менаџирани од страна на неговите родители, па првото негово видео било објавено на 25 февруари 2020 година, а сега неговиот профил „Коби јаде“ го следат повеќе од 1,5 милион корисници. На секое видео има илјадници реакции и коментари. Со помош на мајка си, Коби го готви секое јадење со насмевка на лицето.

 

Неговата мајка Ешли Виан во интервју за Си-ен-ен вели: „Готвењето е една од многуте практични работи што Коби ги прави дома. Тој многу се забавува додека готви и има многу интересен карактер, па решив да го снимам додека ужива во тоа што го прави за да можам да споделам со пријателите и семејството“.

„Се чувствуваме како да правиме нешто правилно како родители што воспитуваме дете кое има способност да ги насмее сите само со неговата лична насмевка! Секогаш добиваме пораки од луѓето кои велат колку заразна е неговата смеа. Исто така, ни се допаѓа тоа што родителите се охрабруваат да ги земат своите деца во кујна и да седнат да јадат заедно како семејство, нешто што е извонредно важно во нашиот дом – објаснува мајката.

 

„Тој истражува нови состојки, чувствува нови текстури, учи практични вештини, мери и ужива. Затоа сето ова и почна, практична работа од која може многу да научи. Совлада толку моторички вештини од желбата да ми помогне во кујната. Да, се создава неред, но тоа е тоа. Нередот е само неред, може да биде исчистен! А спомените што ги создаваме ќе траат вечно“, додава Ешли.

 

 

View this post on Instagram

 

Lamb chops and Brussel sprouts on the menu tonight ??‍? #KOBEEATS

A post shared by KOBE EATS (@kobe_yn) on

Автор: Саумја Шарма

Извор



912

X