Игротека

Најдобрите афоризми на Душко Радовиќ за децата

Легендарниот Душко Радовиќ, познат српски писател и новинар, голем дел од своите најдлабоки мисли ги посветил на децата и на родителството. Неговите реченици, исполнети со благ хумор, иронија и исклучителна животна мудрост, секогаш може да ни послужат како потсетник.

Еве ги најпознатите афоризми за децата и родителите:

  • „Сакајте ги децата и кога се виновни бидејќи животот ќе ги казнува и кога не се.“
  • „Вчера еден родител побара помош на родителскиот состанок: ‘Дајте ми добро дете, па ќе видите каков татко сум јас!’“
  • „Казнете ги своите деца штом ќе забележите дека почнуваат да личат на вас.“
  • „Блазе им на бабите и дедовците што имаат внуци. Тешко нам што имаме деца.“
  • „Подобро ни беше додека самите бевме деца отколку сега кога имаме свои деца. Децата знаат да бидат бунтовни и неблагодарни.“
  • „Има голема сиромаштија меѓу нашите деца на кои родителите, освен пари, ништо друго не можеле да им дадат.“
  • „Ако ги решите сите проблеми на своите деца, тие нема да имаат други проблеми освен вас.“
  • „Не воспитувајте ги децата ако не умеете. Подобро е да бидат невоспитани отколку лошо воспитани.“
  • „Мајките ги караат децата затоа што ги сакаат. Татковците ги караат затоа што не се такви за и тие да можат да ги сакаат.“
  • „Само децата што не слушаат можат да станат подобри од своите родители.“
  • „Едно предупредување за родителите: ако ги тепате вашите деца, тие утре ќе ги тепаат вашите внуци.“

Извор

Поврзани написи

To top