Центрите за мигранти воспоставени на граничните премини често се полни со деца кои доаѓаат со нивните родители од економски уништените земји и овде, макар привремено, наоѓаат заштита. Сите тешкотии со кои се среќаваат овие деца ги покажуваат преку нивните цртежи.

Судејќи по цртежите што со јавноста ги сподели докторката Сара Гоза, која е претседател на Американската академија за педијатрија, децата-мигранти најчесто се гледаат себеси како заложници, зад решетки, со тажни изрази на лицата. Некои од нив се прикажани како спијат покриени со фолии, а некои како исплашено го гледаат светот надвор од кафезите.

Како што опишува докторката Гоза, прво што ве пречекува кога ќе ја отворите вратата од прифатилиштето е силниот и непријатен мирис на урина и пот. Следно што може да го видите е морето деца, и постари и помлади, без нивните родители.

Фото: Д-р Сара Гоза, Американска академија за педијатрија/Приватна архива

– Нема никаков израз на нивните лица, нема насмевка. Сè што можете да слушнете е чкрипење на фолиите што ги користат како ќебиња. Можам да речам дека луѓето се заклучени во кафези како кучиња – вели докторката.

На почетокот од овој месец генералниот инспектор на еден од одделите за безбедност дал извештај со приложени фотографии што ќе ви го скршат срцето. Тоа се докази во какви услови живеат децата-мигранти заробени во граничните прифатилишта.

Фото: Д-р Сара Гоза, Американска академија за педијатрија/Приватна архива

Извештајот опфатил пет мигрантски центри во долината Рио Гранде во Мексико и од него може да се дознае дека мигрантите често се принудени да спијат на подот на овие установи, хигиената ја одржуваат со влажни марамчиња и немаат пристап до тушеви. Податоците покажуваат дека 31 отсто од децата во овие центри остануваат подолго од дозволените 72 часа, а некои се таму дури и по две недели.



912

X