Образование

Што вели данскиот закон за образованието? Среќата не е случајност, туку системски избор

Знаете ли дека данскиот Закон за основно образование (Folkeskole Act), во член 1(2), изречно пропишува дека училиштето мора да создаде можности за учениците да развијат:

  • Свесност
  • Имагинација
  • Желба и потреба за учење
  • Самодоверба во сопствените можности
  • Основа за лична ангажираност и преземање акција

Дополнително, членот 1(3) од истиот закон додава:

  • Разбирање за другите култури
  • Разбирање на интеракцијата меѓу човекот и природата
  • Заедничка одговорност
  • Права и должности во едно демократско општество
  • Интелектуална слобода и еднаквост

Dannelse: Целосен развој на детската личност

Секако дека ниту еден систем не е совршен, но овие одредби оставаат без здив.

Данска не случајно стана една од најсреќните и најобразовани нации во светот, таа така го дизајнира својот систем, почнувајќи од училиштата.

Во данските јавни училишта со закон е пропишано дека карактерот на детето, неговата свесност, имагинација и самодоверба има исто толку голема тежина колку и училишниот успех. Ова не е само убава филозофија на хартија, туку национален закон. Тоа се нарекува Dannelse, концепт за толку холистички и целосен развој што речиси не може да се преведе на други јазици.

Воспитувањето добри и задоволни луѓе не оди на штета на училишниот успех. Тоа е самиот мотор што го движи.

Поврзани написи

To top