Интензивната тага, безнадежноста и вознемиреноста кај новите мајки може да траат до три години по породувањето, покажува ново истражување.

Националниот институт за здравје вели дека постпородилната депресија може да опстане и по препорачаната временска рамка за скрининг, повикувајќи се на упатството на Американската академија за педијатрија дека лекарите им прават скрининг на жените за постпородилна депресија неколку пати до шест месеци по раѓањето.

– Нашето истражување покажува дека шест месеци не се доволно долги за да се измерат симптомите на депресија – вели Дајан Путник, примарна авторка и дел од Националниот институт за здравје, во соопштение за јавноста. – Овие долгорочни податоци се клучни за подобрување на нашето разбирање за менталното здравје на мајката, за кое знаеме дека е клучно за благосостојбата и развојот на нејзиното дете.

Националниот институт за здравје испитал податоци од 5.000 жени и открил дека 1 од 4 мајки имала високо ниво на депресија до три години по породувањето. Останатите жени пријавиле ниско ниво на депресија во текот на тие три години.

Исто така, жените со нарушувања на расположението или гестациски дијабетес (дијабетес развиен за време на бременоста) имале поголем ризик од зголемени, постојани симптоми на депресија.

Сепак, авторката на истражувањето, Путник, повикува на истражување со вклучување поразновиден примерок со оглед на тоа што во ова истражување учесничките главно биле бели жени.

Во меѓувреме, информациите од Центарот за контрола и превенција на болести објавени во мај велат дека постпородилната депресија може да се појави до една година по породувањето. Од Центарот предупредуваат и дека нелекуваната постпородилна депресија може да предизвика штета врз здравјето на мајките и да доведе до проблеми во однесувањето, спиењето и јадењето на бебето.

Извор



912

X