Воспитување

Зад перфекционизмот стои страв: Како строгиот родител ја уништува самодовербата кај детето

Претераната строгост во воспитувањето често создава илузија на послушност, но зад неа стојат ниска самопочит, анксиозност, депресија и постојана несигурност. Кога родителот поставува превисоки очекувања, ги контролира сите одлуки и штеди на пофалби, детето расте под постојан притисок дека „не е доволно добро“.

Според брачниот и семеен психотерапевт Јасенка Југовиќ, еве кои се 5. најтешки последици што остануваат во возрасната доба:

  1. Проблеми со носењето одлуки: Поради стравот од казна за погрешен избор, овие луѓе во возрасната доба тешко одлучуваат самостојно, постојано бараат потврда од другите и не умеат да кажат „не“.
  2. Лоша слика за себе: Поради недостигот на пофалби, возрасните што растеле со строги родители ги потценуваат сопствените способности, постојано се преиспитуваат и се подложни на манипулации.
  3. Осетлив однос кон авторитетите: На работните места тие одат во две крајности, или се претерано услужливи поради страв или влегуваат во отворен конфликт со надредените.
  4. Парализирачки перфекционизам: Со цел да избегнат критика, си поставуваат недостижни стандарди. Избегнуваат ризици, остануваат во комфор-зоната и постојано се извинуваат дури и за туѓи грешки.
  5. Недоверба во партнерските и пријателските односи: Се плашат од осуда, тешко се отвораат за подлабока блискост и со сомнеж гледаат на изјавите за љубов, плашејќи се дека ќе бидат повредени.

Совет за возрасните: Доколку ги препознавате овие обрасци кај себе, фокусирајте се на личниот развој и промена на овие навики. Наместо да ги обвинувате родителите, прифатете дека постапувале така како што знаеле во тие околности и преземете ја контролата врз својата иднина.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top