Родителите на деца што не живеат во Скопје, а се на подолг престој во болница поради малигно заболување ќе може да престојуваат во родителската куќа што денеска беше отворена. Во неа има четири апартмани со бањи, заеднички простории како кујна, трпезарија и дневна соба. За децата што ќе престојуваат во оваа родителска куќа ќе има посебно опремена соба за едукација и разонода, како и библиотека.

– Ќе им помогнеме на родителите што не се од Скопје да имаат топол привремен дом за да можат да им бидат најголема поддршка на своите деца кои се на подолг престој во болница и се борат со канцер на хемато-онколошкото одделение – потенцира Филипче.

На родителите ќе им биде овозможена и психолошка поддршка.

Изградбата на родителската куќа е заеднички проект на Министерството за здравство и Здружението на граѓани САНО од Скопје.

Престојот во куќата и појадокот ќе бидат бесплатни, а во куќата ќе може да престојуваат само оние родители што ќе добијат препорака од одделенските лекари и директорот на Клиника за детски болести каде што се лекуваат децата.

За непречено функционирање на куќата, ќе се грижи Здружението САНО, а Министерството за здравство ја презема обврската околу комуналиите.



912

X