Децата се најчесто затворени внатре пред телевизор, во периодот додека трае пандемијата со коронавирусот. Но, една мајка направила кино на отворено во нејзината градина каде што синовите ќе уживаат и во свежиот воздух и во омилените филмови.
Во фејсбук-групата „Extreme Couponing & Bargains UK“ таа споделила информации за нејзината неверојатна идеја. Мајката открила дека купила „кинокутија“ и користела проектор за да го создаде киното на отворено. Старата завеса од тушот ја искористила како екран, а ја поставила на оградата од градината. Користела кутии за пуканки од поминатите роденденски забави за да го направи искуството уште поавтентично.
фото извор: The Sun
Напишала: „Го направив викендов за моето семејство. Кинокутијата ја купив на домашна распродажба, а кутиите за пуканки се од роденденската забава на син ми од минатата година. Ги наполнивме со пуканки и чипс. Испековме големи парчиња бел слез. Требаше само да купиме проектор за 40 фунти на Ибеј. Одмазници: Крај на играта – беше одличен надвор“.
Голем број членови на групата биле импресионирани, аплаудирајќи ѝ на идејата и реализацијата во коментарите. „Ова е прекрасно“, напишал еден корисник. Друг додал: „Ова е брилијантно. Ќе се обидам и јас да го реализирам“.
Автор: Марта Клиф