Мајка оставила картонска слика од себеси во собата на својот син од една година за да го спречи неговото плачење. Фуки Сато од Јапонија ја преместува картонската слика низ куќата за нејзиното мало дете да има чувство дека мајка му е тука.
Детето се приспособило првиот пат за 20 минути, но неговиот татко, кој објавил видео на својот профил на„Твитер“, купил уште една картонска слика во реална големина, која сега успешно го замамува детето. На едната е прикажана мајката како стои, додека на другата како клечи на подот и се смее.
фото: „Дејли мејл“
Во видеото, кое има повеќе од 2 милиона прегледи, господинот Сато додава уште една картонска слика на влезот од кујната додека неговиот син игра пред телевизорот. Тој снима од каучот како неговата сопруга заминува од собата и ја затвора вратата. Се слуша како се кикоти, додека детето разгледува наоколу барајќи ја мајка си и изгледа дека е задоволно од тоа што го гледа. Детето продолжува да игра со кутијата полна со играчки пред картонската слика од мајка си.
фото: „Дејли мејл“
Таткото напишал: „Тешко е бидејќи мојот едногодишен син плаче веднаш штом мајка му ќе излезе. Како мерка, експериментирав со она што може да се случи ако поставам картонска слика од мајка му. Резултатот е дека во времетраење од 20 минути детето не забележа дека тоа не е мајка му. Значи, повремено може да биде корисна“.