Знаеме дека лимонот е здрав, но не можеме ниту да замислиме колкаво благотворно дејство има кората на ова јужно овошје. Содржи дури десет пати повеќе витамини од лимоновиот сок и богата е со етерични масла, кои помагаат во борбата против инфекции. Кората од лимонот е одличен антиоксидант и добра за превенција за стареењето на кожата, бидејќи ја поттикнува нејзината детоксикација и го намалува ризикот од појава на акни и митесери.

Кората од лимонот содржи пектин кој го забрзува метаболизмот и го поттикнува слабеењето, но е добра и за превенција кај кардиоваскуларните болести и лошиот холестерол во крвта.

Исто така, има и антибактериски и антигабични својства и е богата со витамин Ц, кој е одличен за зајакнување на имунитетот.

Најдобро ќе ги сочувате лековитите својства на ова овошје, ако го замрзнете. Експертите препорачуваат дневно да се јадат 1-4 кришки лимон со малку шеќер, па можете да го изрендате и да направите лимонада, или да го додадете во јогурт, салата, супа или некој друг сок.



912

X