Првите две години од животот на детето се најважни за развојот на мозокот, вклучувајќи ги и центрите во мозокот одговорни за меморија, обработка, планирање и внимание. Според Американската академија за педијатрија, одредени хранливи материи се особено важни, а нивниот недостиг може да предизвика последици врз развојот на мозокот и когнитивните способности. Тоа се хранливите материи како што се: железо, цинк, бакар, холин и витамин Д.

Според Академијата, недоволното внесување на овие клучни хранливи материи може да доведе до дефицит во функцијата на мозокот, што не може да се поправи. За жал, многу бебиња постари од 6 месеци не добиваат соодветни количини на цинк, железо и витамин Д. Затоа, важно е да се обезбеди внесувањето на овие состојки кога ќе дојде време за дополнителната исхрана.

Која храна е важна за правилен развој на функциите на мозокот кај децата?

-Протеини: месо, живина, риба, јајца, јогурт, грав, житарки.

-Цинк: говедско месо, свинско месо, млеко, тофу, грав, путер од кикиритки.

-Бакар: житарки, грав, компири.

-Железо: говедско месо, пилешко месо, риба, збогатени житарки, спанаќ, грав.

-Селен: пилешко месо, тестенини, јајца, кафеав ориз.

-Холин: говедско месо, живина, јајца, бела риба, лосос, грав.

-Фолна киселина: спанаќ, сок од портокал, ориз, авокадо, леб од цели зрна.

Јод: бакалар, кујнска сол, млеко, ракчиња, јајца, конзервирана туна.

-Витамин А: слатки компири, моркови, манго, јајца, млеко.

-Витамин Д: лосос, туна, млеко, сок.

-Витамин К: спанаќ, кељ, брокула, грашок, боровинки.

-Витамин Б6: житарки, наут, банани, компири, путер од кикиритки.

-Витамин Б12: житарки, лосос, млеко, говедско месо, јогурт, сирење.

-Полинезаситени масни киселини: риба, масло од репка, ленено семе, сончогледово масло.

Имајте предвид дека млекото, кое всушност не е млеко (како што е овесно, соино, оризово), не се препорачува како примарен пијалак за децата под една година. Најдобро е детето да продолжи да консумира мајчино млеко или млечна формула.

Автор: Сања Маташиќ

Извор



912

X