Воспитување

Девојче се омажило за својата симпатија пред да ја изгуби битката со леукемијата

Помислата на тоа десетгодишно девојче да се омажи кај многумина може да предизвика непријатно чувство. Сепак, за Ема Едвардс тоа значело исполнување на сонот.

Во април 2022 година на Ема Едвардс ѝ била дијагностицирана акутна лимфобластична леукемија. Нејзините родители на почетокот биле оптимисти, но неколку месеци подоцна лекарите им рекле дека ракот на Ема е неизлечив и дека ѝ остануваат неколку денови или недели од животот.

„Ова се зборови кои ве уништуваат. Сепак, решивме дека нема само да седиме и да дозволиме времето да ни ги украде драгоцените моменти. Со пријателите на Ема смисливме план да ја оствариме нејзината свадба од соништата”, рекла мајката на Ема.

Имено, додека повеќето деца сонуваат да одат во Дизниленд, Ема сакала да се омажи, да биде сопруга и да има три деца. Симпатија ѝ било момче Ди-џеј, чие целосно име е Даниел Маршал Кристофер Вилијамс Јуниор. И таа му се допаѓала нему.

Родителите, членовите на семејството, пријателите и соседите на Ема се здружиле и се нарекле „Војската на Ема“. Тие вложиле многу труд за да го остварат сонот на Ема. На крајот со донација се вклучила хуманитарната организација „Make-A-Wish“ и за неполни две недели сѐ било подготвено за свадбата, која конечно се одржала на 29 јуни годинава.

Ема се појавила во виолетов фустан, а нејзиниот татко ја однел до олтарот. На прашањето која била неговата прва мисла кога ја видел Ема, момчето рекло: „Мислев дека таа е најубавата личност што сум ја видел“.

Размениле завети и венчални прстени. На крајот се бакнале. Девојката дури одбила лекови против болки бидејќи не сакала да заспие и да го пропушти настанот. За жал, Ема почина на 11 јули 2023 година, но со исполнет сон.

Видеото од церемонијата можете да го погледнете овде.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top