Децата го добиваат поголемиот дел од калориите од процесирана храна – и ова се случува сè почесто, покажува нова студија објавена во „ЈАМА“. Истражувачите велат дека ваквата исхрана може да биде штетна и со фатални последици. Според податоци од повеќе од 30 илјади деца на возраст од 2 до 17 години, нивниот вкупен износ на дневни калории од ултрапроцесирана храна се искачил за 67 проценти во изминатите две децении. Количината на непроцесирана и минимално процесирана храна (како овошје и зеленчук) е драстично намалена.

Што се подразбира под ултрапроцесирана храна?

Терминот „процесирана“ едноставно значи нешто кое ја менува храната од својата оригинална состојба. Исечени јаболка, претворање на пченицата во брашно или смрзнување на зеленчук – сето тоа се смета за форма на процесирање. Истражувачите развиле систем наречен „НОВА“ кој ја класифицира храната базирана на степенот на процесирање. Непроцесирано, пак, значи дека на храната не ѝ додавано ништо и не се менувала нејзината оригинална состојба. Тука спаѓаат јајцата, рибата, јаткастите плодови и др. Од друга страна, ултрапроцесираната храна која се пакува има голем број адитиви, засладувачи и емулгатори. Тука спаѓаат различните слатки, чипсот, крекерите, брзата храна, пица, житарици кои содржат бои и вкусови. Ултрапроцесирана храна што децата имаат тенденција да ја јадат се житарките, пекарските производи, како колачиња и крофни, слатките грицки, сладолед, пица и бургери.

Што е погрешно во ултрапроцесираната храна?

Јадењето ултрапроцесирана храна во големи количини е поврзано со послабо здравје и кај децата и кај возрасните. Кај децата постои голем ризик од дебелеење, висок крвен притисок и резистенција на инсулин. Кај возрасните, консумацијата на ваква храна доведува до ризик од срцеви заболувања и одредени видови канцер. Има неколку можни причини за ова. Прво, таквата храна има многу малку хранливи материи, витамини, минерали, а високи нивоа на шеќер и масти. Па, оние што консумираат ваква храна во големи количини не ги добиваат доволно потребните хранливи материи. Оваа храна исто така содржи и адитиви, вештачки засладувачи и стабилизатори – состојки кои доведуваат до други здравствени проблеми.

Што да се направи со ултрапроцесираната храна?

Насекаде има ултрапроцесирана храна и вкусот и е добар! Сепак, целта е да се создаде нешто кое изгледа одлично и има исто таков вкус. Истражувачите сметаат дека ваквата храна често се пакува во атрактивна амбалажа и интензивно се нуди на пазарот. Еве што може да направите за да не консумирате често ваков тип храна:

Гответе почесто, па користете органски производи, со цел поздраво да се храните. Нема ништо лошо во тоа понекогаш да јадете колачиња или да испечете смрзната пица, но обидете се да се фокусирате на процесирана храна која има повеќе хранливи материи, како јогурти, леб од повеќе зрна и слично. Уште нешто многу важно е да сервирате овошје и зеленчук – можете често да им ги нудите како ужина на своите деца, па да се уверите дека децата ги добиваат потребните хранливи материи.

Автор: Сали Куземчак

Извор



912

X