Пред да стане глумец и пред да се прослави со популарната трилогија „Киднипиран“ Лијам Нисон бил наставник. Со оваа професија се занимавал две години, долго пред да стане еден од најпопуларните ликови на филмското платно. Лијан работел како возач на камиони а исто така бил и боксер аматер. Но сепак, ниту една од овие професии не му била најтешка.

Во интервјуто за една американска телевизија, Лијам Нисон одговара на прашањето која е најтешката професија со која некогаш се занимавал.

-Да се биде наставник е дефинитивно најтешката професија за мене. Се занимавав со оваа професија многу одамна и им се восхитувам на луѓето кои успеваат на ова поле. Тоа е најтешката професија на светот. Мојата сестра по 35 години работа со деца сега е во пензија и јас навистина и завидувам. Денеска децата имаат голем проблем со дисциплината – кажува Нисон.

На прашањето кој му бил најтешкиот момент во оваа професија, Нисон одговара дека еднаш едно момче покажало со нож накај него.

-Момчето беше недисциплинирано, сметаше на часот и по неколку безуспешни обиди да го смирам го замолив да го напушти часот. Во тој момент момчето покажа со нож накај мене и јас го удрив. Можеби не требаше, но сепак го удрив. – вели Нисон.

Поради ова, на Лијам Нисон повеќе не му било дозволено да работи како наставник.

Неколку години подоцна, тој станал еден од најпознатитие холивудски глумци.

Што мислите, дали случката во училиштето било најдоброто или најлошото нешто што му се случило?



912

X