Можеби сум само јас, но изгледа дека кога се работи за светот на децата и родителството, имаме исти две расположенија: ги сакаме или ги презираме. Од една страна, имаме жени кои избираат или едноставно околностите ги довеле до мајчинство, па имаат постојано зафатен живот, без спиење и со големи количини кафе. Од друга страна, имаме себични жени кои го оптоваруваат светот со нивните деца и едноставно само бараат инстаграм-инспирација. Додека сум целосно свесна за двете страни на спектрумот, би кажала дека мајчинството, генерално, е вреднувано во нашата култура. Можеби не е вреднувано на одреден начин на кој би требало, на пример, во однос на породилното отсуство и политиките за грижа за децата, но на начин кој го гледа мајчинството како секогаш вредно за да се искуси.

Децата не се гледаат како неизбежни делови од животот, или скапоцени нешта за кои мораме сè да жртвуваме. Ако мајчинството е сонот, како што беше за мене, жена која е прилично млада, немала големи проблеми за забременување и имала искуство со непланирана бременост, може да биде тешко да се одлучи колку деца да имате. Ако децата се сè и мајчинството е секогаш вредно, дали тогаш може да има погрешна причина за да се има дете? Дали имањето деца е себично: можеби не е изненадување за вас што моментално ја искусувам оваа битка. Се чувствувам преплавена со пораките дека децата се основната причина за живот и за мене лично, имањето деца навистина е мојата најважна работа. Па, како да ставам крај на тоа?

Неодамна го прашав мојот сопруг: „Дали мислиш дека некогаш има себична причина за да се има дете?“ Паузираше пред да одговори потврдно. „Апсолутно. Подарокот да се има дете не е толку голем што триумфира над сè друго во животот“. Се разбира, длабоко во себе, знам дека е во право. Можеби е глупаво прашање, очигледно како хоророт кој го претставува помислата дека 65-годишна баба е моментално бремена со четворка, но сепак ве уверувам дека ова е навистина комплицирано прашање. Сега, можеби е себично да имам уште едно бебе во мојот живот. Можеби е себично бидејќи мојот сопруг заслужува време за да си ги сфати сопствените страсти и соништа за да стане столар. Можеби е себично затоа што моите деца заслужуваат мајка која е здрава и мора да поработи на својата исхрана и губење на килограмите пред да може да се справува со друго бебе. Може да е себично бидејќи ќе дадам отказ на работата која ја сакам, а изговор ќе биде бебето. (Да, веќе го имам направено тоа)

Можеби е себично бидејќи прави да се чувствуваме поважни што си ги исполнуваме деновите со активностите со дете. Така, што ДА, може да постои такво нешто како имање деца од себични причини. Можеби самиот акт на имање на тие деца ќе ја исклучи себичноста од вас, но факт е дека никој нема деца во меур. Многу различни луѓе – од сопружници до партнери, роднини и пријатели се допрени од сето тоа – и во ред е да се признае дека можеби вашите раце и срце се веќе исполнети. Страшната вистина, за жените како мене, е дека жените кои живееле доволно долго во светот на бременоста и бебињата знаат дека има живот и надвор од родителството. Децата се прекрасен подарок и животна радост, но не мора да бидат единствениот подарок.

Автор: Чауни Брузи

Извор



912

X