Мајка ѝ забранила на својата свекрва да поминува време насамо со нејзините деца откако таа ги изневерила нејзините желби и ѝ предизвикала чувство на „злоупотребеност“. Мајката објаснила дека таа искусила некои „културолошки разлики“ со семејството на нејзиниот сопруг во минатото и вообичаено се обидувала да стои настрана од сето тоа, освен ако се работи за нејзините 2 деца.

Кога ја родила својата ќерка, која има 3 месеци, се отворила темата за дупчење на ушите за обетки, а семејството на сопругот имало став дека во нивната култура девојчињата добиваат обетки на ушите „речиси веднаш по раѓањето“. Мајката рекла дека не ѝ е баш пријатна таа идеја бидејќи сакала да почека додека нејзината ќерка не биде доволно возрасна за да може самата да донесе одлука за тоа. На мрежата „Редит“ таа напишала: „Ѝ го кажав тоа на мојата свекрва, го повторував секојпат кога ме мачеше со таа тема. Мојот сопруг се согласи со мене.“

Мајката потоа сметала дека таа тема е решена и неодамна го оставила своето бебе со свекрвата за да оди да купи намирници.

„Свекрвата ја чуваше малку подолго време и ја изнесе надвор, а кога се вратија… ушињата на мојата ќерка беа дупнати. Таа рече дека мојата золва го сторила тоа. Дека тоа во семејството било традиција. Бев премногу лута. Се чувствував злоупотребено, ги зедов моите деца и ѝ реков да си замине. Сопругот беше еднакво лут и тие се расправаа надвор долго време пред таа да си замине.“

Автор: Лук Метјуз

Извор



912

X