Образование

Продолжен распустот – второто полугодие ќе почне на 23 јануари

Владата соопшти дека денеска, на 118. редовна седница, го разгледала и го усвоила предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари, да почне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици.

Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top