Учениците од општинското средно техничко училиште од Гостивар – Радица Стојкоска, Хасина Абдули, Давор Ефтоски, Светлана Петровска, Моника Лазовска, Филип Миноски, Емине Ахмеди, Руфијa Мурати и Петар Илиески, направија едукативна сликовница и сложувалка

Наскоро од печат ќе излезе сликовницата под наслов „Куклата мече“ и сложувалка, кои ги изработија средношколци од техничкото училиште во Гостивар.

– Учениците ги презентираа својата едукативна сликовница „Куклата мече“ и сложувалката наменети за деца од предучилишна возраст, кои беа резултат на тимската работа на учениците Радица Стојкоска, Хасина Абдули, Давор Ефтоски, Светлана Петровска, Моника Лазовска, Филип Миноски, Емине Ахмеди, Руфијa Мурати и Петар Илиески. Сликовницата и сложувалката може да се најдат во дигитална верзија на официјалната веб-страница на УНИЦЕФ. Се надеваме дека дечињата ќе уживаат во нив. Се радуваме што бевме дел од проектот – вели Христина Маркоска, професорка по ликовна уметност.

Сликовницата неодамна беше презентирана во „Александар палас“, на конференцијата за образование која се одржа како дел од проектот „Младите за децата“, организирана од УНИЦЕФ, а во соработка со Владата и Британската Амбасада во Скопје.



912

X