Предлог-граѓанскиот буџет на Министерството за труд и социјална политика за 2022 година предвидува средства за завршување на изградбата на десет нови градинки во земјава.
– Следната година ќе заврши изградбата на отпочнатите 10 детски градинки: во Чаир за 350 деца, Росоман 30 деца, Ерџелија 70 деца, Карпош 100 деца, Битола 150 деца, Липково 102, Арачиново 102, Пробиштип 72, Валандово 57 и Крива Паланка 102 деца. Почнува градбата на градинката во Гостивар за 100 деца, а преку средства обезбедени со ИПА-фондови веќе се склучени договори и почнува изградбата на градинките во Тетово 250 и Теарце 200 деца. Во моментов во тек е и подготовката на новата програма за изградба на нови детски градинки – информира министерката Јагода Шахпаска.
Таа додаде дека вкупниот буџет на МТСП за наредната 2022 година изнесува 50,6 милијарди денари. За капитални инвестиции за 2022 година планирани се 195.480.000 денари, од кои за градежни работи 177.025.000 денари, а за опремување 18.455.000 денари.
912