Децата се љубопитни по природа, а нивниот мозок впива како сунѓер. Всушност, многу се заинтересирани за светот околу себе, а ние, родителите, сме им потребни за да им понудиме интересни содржини. Можеби вашето дете, кое е ученик во основно образование, ќе го заинтересирате за нешто друго освен за игри на интернет (на пример, за научни документарни филмови за деца) ако на маса во текот на оброкот, или во некој незадолжителен разговор, му укажете на тоа колку е чудесен светот што нè опкружува и дека има толку многу необични факти за природата и за вселената, кои се дури и забавни.
Во продолжение прочитајте 30 факти за природата што би можеле да го заинтересираат вашето дете, а можеби дури и да го поттикнат да поставува дополнителни прашања на кои можете заедно да барате одговори.
- На Месечината во текот на денот температурите се многу високи, околу 106 Целзиусови степени, а во текот на ноќта температурата паѓа на -117 Целзиусови степени.
- Венера е единствената планета во Сончевиот Систем која се врти во насока на движењето на стрелките на часовникот.
- Во Сонцето може да се соберат околу милион планети Земја.
- Патот до Плутон со авион би траел околу 800 години.
- Денот на Нептун трае 16 часа.
- За да допатува светлосен зрак од Сонцето до Земјата, потребни му се 8 минути и 19 секунди.
- На Месечината трагите од стапки би се задржале дури 100 милиони години.
- Во вселената не се слуша звук.
- Земјиното јадро има еднаква температура како површината на Сонцето.
- Првото животно што отишло во вселената не било кучето Лајка, туку винската мушичка која е испратена во вселената во 1947 година – и се вратила жива.
- Еден ден на Венера трае 8 месеци.
- Делфините спијат само со половина мозок, додека другата половина од мозокот им е будна.
- Најголемото животно на планетата Земја е синиот кит, а должината му е дури 30 метри.
- Шкампите имаат срце во главата.
- Човечкиот нос може да препознае дури милион мириси.
- Четвртина од човечките коски се наоѓаат во стапалото.
- Човечките заби се силни колку и забите на морското куче.
- Човечката крв е солена како морската вода.
- Не само што секој човек има единствен отпечаток на прстите, туку и секој човек има единствен отпечаток на јазикот.
- Просечната тежина на мозокот на возрасниот човек е 1,3 килограм, а новороденче има мозок со тежина од 330 грама.
- Носот и ушите на човекот никогаш не престануваат да растат.
- Ноктите на рацете растат 4 пати побрзо отколку ноктите на нозете.
- Торнадо може да биде побрзо од Формула 1.
- На Земјата секоја минута се случуваат 2.000 бури проследени со грмотевици.
- Молња може да удри 2 пати.
- Облаците изгледаат бели бидејќи рефлектираат сончева светлина.
- Дождот го содржи витаминот Б12.
- Зракот од молњата има 5 пати повисока температура отколку сончевиот зрак.
- Ураганот ослободува посилна енергија во секунда отколку 10 атомски бомби.
- Морковите некогаш не биле портокалови, туку биле виолетови.
912