Деца

Зошто не треба да ставате работи во креветчето на бебето

Видео на „Тик-ток“ открива зошто никогаш не смеете ништо да оставате во креветчето на бебето.

Видеото е споделено од „Safesleepabc“ и го покажува моментот кога бебето случајно си го прекрива лицето со ќебенце и почнува да се задушува.

Иако се труди, бебето не може да го тргне ќебенцето, кое му ги блокира дишните патишта.

– Не оставајте НИШТО во просторот каде што спие вашето бебе – пишува во описот на видеото.

За среќа, родителите на ова бебе пристигнале навреме, а видеото натерало многу други родители да се замислат.

„Lullaby Trust“ им препорачува на родителите да избегнуваат да користат заштитни огради на креветчињата и да не ги оставаат играчките во креветчето, истакнувајќи дека едноставен душек со затегната постелнина е најбезбедно место за спиење на бебето. Покрај тоа, не се препорачува да се ставаат различни ќебиња над креветчето.

– Лекував бебе што ја потегнало мрежата против комарци за да стане и на крајот случајно ја замотало околу вратот – вели педијатарот Рут Баркер.

Watch on TikTok

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top