„Посакав да имам убав спомен од моите ученици, па затоа на денот на доделувањето на свидетелствата донесов бел фустан, а тие имаа задача да го украсат со нивните уметнички дела“

Шарени цветови, пеперутки, насмевки… сето ова е нацртано од вредните рачиња на учениците во второ два одделение во Основното училиште „Страшо Пинџур“ во Неготино. Но, цртежите  пораките не се на хартија, туку на фустанот на нивната наставничка, која ги доби на денот на доделување на свидетелствата.

– Посакав да имам убав спомен од моите ученици, па затоа на денот на доделувањето на свидетелствата донесов бел фустан, а тие имаа задача да го украсат со нивните уметнички дела. Фустанот е уникатен – вели наставничката Цанка Костова.



912

X