Таа е една од најпознатите светски пејачки, но пред сè е мајка на 6 деца, па нејзината одлука да се пресели во Лисабон поради најмалиот син не нè изненади многу.
Мадона има две биолошки деца – ќерката Лурдс и синот Роко, и уште 4 посвоени деца од Африка: Џејмс, Дејвид, Стела и Естер.
– Секоја мајка на фудбалер знае дека тоа на некој начин значи да немате живот зашто работите се менуваат од недела до недела, а натпреварите од викенд до викенд. Понекогаш се во градот, понекогаш до четврток навечер не знаеш дали натпреварот ќе се игра во сабота или во недела попладне, или подоцна – вели Мадона во интервју за италијанскиот „Вог“.
– Невозможно е да направиш планови, а чувствуваш и дека не си праведен кон другите деца и кон себеси – додава таа.

Научија португалски преку музика, танц и спорт

Освен Дејвид (12), во Лисабон се преселија и Џејмс (12) и петгодишните Естер и Стела, додека 21-годишната Лурдс и 17-годишниот Роко не живеат со мајката.
– Научија португалски преку музика, танц, фудбал и спорт, односно преку активности, а не седејќи во училница. Така е позабавно и поинтерактивно – објаснува Мадона.

 

Да бидат добри луѓе полни со љубов

Од своите деца не очекува да одат по нејзините стапки, освен ако самите не го сакаат тоа.
– Поради мојата работа и патувањата низ светот, поради работите што ги работам и местата што ги посетувам, моите деца се многу отворени кон светот, а јас се гордеам со тоа. Многумина ми велат дека сигурно сакам мојот син да стане успешен фудбалер, најстарата ќерка пејачка, а Роко – сликар. Не, јас сакам моите деца да бидат сочувствителни и одговорни луѓе полни со љубов – изјави Мадона.

– Сакам да бидат добри луѓе кои достоинствено и со почит ќе се однесуваат кон другите, без оглед на бојата на кожата, верата, полот. Тоа е најважната работа. Ако случајно некој од нив стане нов Пикасо или нов Роналдо, одлично, тоа е само јаготка на шлагот.

 

Минатата година Мадона ја отвори првата детска болница во Африка, а спроти нејзиниот 60. роденден покрена и кампања со која собира пари за организација која се грижи за оставените и ранливи групи деца во Малави, давајќи медицинска помош, едукација и поддршка на заедницата.

 

Wonder and Amazement!! ??? #happymothersday

A post shared by Madonna (@madonna) on

 



912

X