Училиштата низ државава, вклучително и наставниците, деновиве добија прецизни насоки за тоа како да постапат ако некое дете развие симптоми на Ковид-19 додека е на настава. Правилата се напишани во алгоритам за постапување во училиштата во случај на појава на ученик со симптоми, односно сомнителен на Ковид-19.
Според сегашната владина одлука, наставата ќе почне на 1 октомври. Учениците до 3. одделение ќе одат во училиште со дозвола на родителот, а другите ќе имаат онлајн-настава. Класична настава може да има и во други одделенија или класови во училишта ако тоа го дозволува епидемиолошката слика, односно ако одобри државата.
Учениците од одделението/класот во кој престојува позитивното дете, како блиски контакти, задолжително одат во домашна изолација со решение од ДСЗИ. И родителите и блиските домашни на детето одат во домашна изолација. За наставниците и другите вработени во училиштето се прави поединечна процена на ризик.
Прочитајте повеќе на Факултети.мк.
912