Читанката на БИБИ

Волшебната книга на Биби

Секоја книга е волшебна, отвора многу светови во кои само тој што чита може да влезе. Секоја книга ја зголемува фантазијата и поставува многу прашања и дава одговори на нив. Уште кога читањето е со омилените јунаци и преку еден вид игра, на задоволството му нема крај!

За што ги користиме очите, за што ушите, за што носот и за што устата? А рацете и нозете? Со што чувствуваме мирис, а со што вкус? Како знаеме дали нешто е слатко, солено или кисело?
Што е горе, а што долу? Што е лево, а што десно? Што е блиску, а што далеку? Што е под, над, во и помеѓу…
Што е помало, а што поголемо? Што е високо, а што ниско? Што е долго, а што кратко?

На сите овие прашања и на уште многу други ќе најдете одговор во „Книга на знаења“.

Заедно со Биби и Боби ќе дознаете и многу работи за светот околу нас, за човековото тело, за годишните времиња, месеците во годината, за природата, растенијата и животните…

Направете си свој волшебен свет со „Книга на знаења“!

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top