Пријавувањето на децата за учество во втората пилот-фаза на образовниот модел „Бибиверзум“ заврши.
Образовниот центар, кој се наоѓа во Градскиот трговски центар – I кат во Скопје (веднаш до ресторанот „Џино“), е дел од големата образовна платформа „Во светот на Биби“, која вклучува многу образовни алатки и ресурси за воспитување и образование на децата.

Наставата ќе почне на 9 март и ќе трае 3 месеци, а децата ќе ја посетуваат еднаш неделно. Ќе има две групи, едната со дечиња од претшколска возраст (4 и 5,5 години), а втората со дечиња што одат на училиште (од 5,5 до 8-годишна возраст). Тимот што ќе работи со децата се проширува со нови наставници и воспитувачи кои ќе ја реализираат програмата.

Родителите на пријавените деца ќе бидат контактирани по телефон.

Од 2 до 7 март годинава, од 18 до 20 часот, во просториите на „Бибиверзум“ ќе има отворени денови за сите заинтересирани родители и деца, на кои ќе може да добијат информации од стручниот тим, а и ќе ја почувствуваат атмосферата во „Бибиверзумот“.

Родителите/старателите што сакаат да бидат дел од листата на чекање за учество на нивните деца во наставата може да го пополнат следниот прашалник.



912

X