Сите деца се различни и сакаат различни работи. Сите имаат различни „моќи“ за да го разубават животот на нивните најблиски. Исто како што сите зазулчиња во новата сказна „Тајните на планетата Заз“ имаат различни моќи. Дознајте зошто зазулчињата се скапоцени, за тајните на планетата Заз, за авантурата на Биби, Боби и Дедо Мраз од Заз…

– Добро е, дојдовме навреме – рече Дедо Мраз од Заз.
– Но, зошто ги заробиле? – тивко праша Биби.
– И каде ги носат? – шепна Боби.
– О, тие неранимајковци сакаат да ги продадат. Зазулчињата се скапоцени миленичиња – одговори Дедо Мраз од Заз.
– Да ги продадат? – не можеше да поверува Биби.
– Скапоцени? Како скапоцени??? – се чудеше Боби.
– Па така. Секое од нив има некоја моќ. Која е моќта на Зази? – праша Дедо Мраз од Заз.

– Моќ? Зази нема никаква моќ – рече Биби и го погали зазулчето.
Навистина, сте забележале некогаш дека Зази има некаква моќ?
– Освен што е палав и смешен, ако тоа може да се смета за моќ – додаде Боби.
– О, па значи уште е малечок. Ќе видите, во еден миг ќе ја покаже својата моќ. Сите зазулчиња прават нешто: може да направат дожд, ветар, да се телепортираат од едно на друго место, некое лета… така, разни работи.
Додека зборуваа, малата жолта зазулка дувна низ усните, слично како што се дува балон. И што се случи? Почна да дува силен ветар и да ги носи пиратите. Тие едвај се задржаа за бродот, а заробените зазулчиња во кафезот почнаа да се радуваат. Биби и Боби беа вчудовидени!



912

X