Првата академија за технологија наменета за деца од 8 до 14 години – IThink Academy реализира уште една успешна година, овој пат со реални проекти за вистински клиенти.
На оваа академија децата изучуваат како да направат веб-страници и видеоигри, но се стекнуваат и со знаења од областа на компјутерски мрежи, графички дизајн и роботика. Посебно внимание привлече нивниот реален проект – целосно функционална веб-страница, https://autizam.mk/која децата ја изработија за Здружението на деца со аутизам (ААМК).
-Децата од IThink академијата направија една прекрасна веб-страница, да речам производот кој беше презентиран кога им беа доделувани дипломите. Верувајте, јас бев емотивно погоден. Тоа што сакаме да го покажеме за децата, за лицата со аутизам, нивните карактеристики и особеностите на аутизмот како една состојба, за можностите на овие лица… сето ова го опфаќа оваа веб-страница и сето тоа е направено од деца, што нас особено нè радува – вели Денис Јанкуловски, одговорно лице на Здружението на деца со аутизам ААМК.
Повеќе околу оваа соработка можете да погледнете од разговорот со Денис во прилог на ова видео.
912