„Времето ти лета кога се забавуваш“, вели народот, но според научниците од Универзитетот „Дјук“, теоријата за чувството на забрзување на времето е поврзана со стареењето.

Научниците сега имаат ново објаснување зошто како деца имавме чувство дека деновите траат бескрајно долго, а денес, како што старееме, времето ни лета, па дури и се забрзува. Според зборовите на Адријан Бејан, професор по машинство на „Дјук“, ова привидно временско забрзување може да ѝ се припише на сѐ помалата брзина со која ги примаме сликите во реално време, а потоа и на бавноста на нивната обработка во мозокот.

– Луѓето често се одушевени од тоа колку се сеќаваат на детските денови, кои им се чинело дека траат бескрајно. Не се работи за тоа дека нивните искуства биле многу подлабоки или посмислени, туку дека биле обработувани исклучително брзо и ефикасно – вели Бејан.

Оваа појава тој им ја припишува на физичките промени при стареењето на човечкото тело. Како што нервите и невроните стануваат сѐ позрели, така се зголемува нивната должина и комплексност, а тоа ги продолжува патиштата на сигналот. Како што тие патишта стареат и пропаѓаат со текот на времето, така даваат и поголем отпор на протокот на електричните сигнали.

Научниците го објасниле тој ефект набљудувајќи ги движењата на очите кај деца и возрасни. Се покажало дека децата побрзо и почесто ги движат очите, па така побрзо ги обработуваат сликите и добиваат и интегрираат многу повеќе информации од возрасните, чии очи се потромави. Постарите луѓе гледаат помалку нови слики во исто времетраење и затоа им се чини дека времето побрзо поминува.



912

X