Во ерата на социјалните мрежи не е во ред некому да му речете дека има „гооооолеми заби“, дури ни ако тој некој е волк во облека на баба

Сигурно не го поддржувате детето кога се исмева со некого, го учите дека тоа не е убаво и никогаш да не им го прави на другите она што не би сакало да му го направат, но ова сепак ви звучи како претерување? Па, има родители што избегнуваат на децата да им читаат традиционални бајки, како што се „Црвенкапа“ и „Трите прасиња“, бидејќи сметаат дека содржината не е коректна.

Какви пораки испраќаат?

Нештата излегуваат од контрола бидејќи за некои родители, верувале или не, „Трите прасиња“ е „хорор“.
Анкета на страницата „musicMagpie“, во која учествувале 2.000 родители, покажала дека секој четврти родител ја приспособува содржината на бајката, обидувајќи се да ја направи
коректна и помалку застрашувачка.
Многу родители се плашат дека кога ќе загребат малку подлабоко под површината, бајките испраќаат пораки кои не се во согласност со современите општествени текови.
На пример, кај „Пепелашка“ е проблем што таа мора да ја чисти и средува целата куќа, Пинокио охрабрува лажење, а Грдото Пајче испраќа порака дека мора да сте убави за да бидете прифатени. „Заспаната убавица“ отвора друг проблем.

Има и забрани

Принцот, како што знаеме, ја бакнува додека таа спие, па загрижените родители имаат впечаток дека тоа се граничи со некрофилија, а дефинитивно сметаат дека овој момент го отвора прашањето за согласување, додека во „Убавицата и ѕверот“ наводно се промовира бестијалност.
Тука, секако, е и прашањето околу насилството, голтањето живи ликови (Црвенкапа), полнењето на стомакот со камен и фрлање во бунар (волкот во „Црвенкапа“) и слично.
Од вкупниот број родители што учествувале во анкетата, дури 16 отсто изјавиле дека бајките се многу сурови и насилни и дека праќаат погрешни пораки што се забранети во нивните домови.

 



912

X