Ново истражување открива дека постои една единствена карактеристика што на децата може да им помогне да учат и да бидат успешни на училиште, без оглед на тоа во каква социо-економска средина живеат

Со години научниците ги документирале недостатоците кај децата што растеле во сиромашна средина.
Истражувањата покажаа дека децата од семејства со ниски приходи обично се помалку подготвени да почнат со школување. Тие постигнуваат послаби резултати на тестови за вокабулар и имаат повеќе проблеми со концентрирањето на час. Уште повеќе, ако се хронично гладни, небезбедни или запоставени, тоа може да влијае врз развојот на детето, дозирајќи токсичен стрес.

Исти резултати и за момчиња и за девојчиња

Ново истражување направено во април покажува дека постои една единствена карактеристика што на децата може да им помогне да учат и да бидат успешни на училиште, без оглед на тоа во каква социо-економска средина живеат.
Истражувачите ги анализирале резултатите од читање и математика на 6.200 дечиња што посетувале градинки во 2006 и 2007 година и откриле дека децата што биле најљубопитни имале најдобри резултати на училиште, без оглед на нивниот социо-економски статус. Резултатите биле конзистентни и за момчињата и за девојчињата.

Да откриваат нови работи

Овие деца сакале да пробуваат нови работи и биле оценети дека имале поголема имагинација и во играњето и во учењето, од нивните родители. Овие деца барале одговори за непознатото.
Колку пољубопитни станувале, толку подобри биле нивните резултати во математика и читање.
Жан Паигет, пионерот за рано детство, еднаш рекол: „Децата не се празни садови за да бидат исполнети со знаење. Наместо тоа, тие се мали научници што ги градат своите теории за светот“.

 



912

X