Како се одвива раниот детски развој кај децата до 5 години и кои се неговите фази, дискутираа психолозите и родителите на децата што ги посетуваат градинките во Општина Карпош.
Родителите учеа како правилно да го стимулираат детето, како да го подготвуваат за училиште и што да очекуваат од него.
– Ваквите активности се значајни и за градинките и за родителите затоа што можеме да научиме нешто ново, да размениме искуства, да ги уочиме грижите на родителите и самите родители да разменат информации и да видат дека не се сами во процесот на одгледување на своето дете – изјави Надица Гировска, директорка на градинката „Орце Николов“.
Борјана Јанакиева-Заева, психолог и основач на здружението „Круг Про“, здружение за едукација и ран детски развој, вели дека ова е само првична дискусија.


– Свесни сме за важноста на раниот детски развој, за влијанието на родителите, но и на средината што ги опкружува децата, за факторите што поттикнувачки влијаат врз детскиот развој – рече Заева и додаде дека ќе се прават напори понатаму да се случуваат вакви и слични настани и во други градинки низ различни општини.



912

X