Капењето во леѓен беше вообичаена практика во многу домаќинства во Југославија, особено пред појавата на модерните бањи со тушеви и кади. Оваа традиција често се практикувала поради недостигот на водоснабдување во руралните средини или помалите градови, каде што санитарните услови не секогаш дозволувале лесен пристап до вода.
Леѓените обично биле направени од метални или пластични материјали и се користеле за различни намени, од перење алишта до капење. Најчесто се бањале најмладите членови на семејството во леѓен полн со вода, а понекогаш и возрасните, иако почесто се полевале со помало тенџере земајќи ја загреаната вода од леѓенот.
И додека капењето во леѓен тогаш било многу практично, денес е незамисливо.
Тоа беа поедноставни и малку тешки времиња. Фотографијата објавена во фејсбук-групата „Носталгија“ предизвика многубројни коментари со призвук на сеќавања.
„Прекрасно е да се потсетиме на капењето во двор во летните денови кога немаше бања, живеевме многу скромно, а ја сакавме чистотата“.
912