Бабите и дедовците се едни од најважните личности во животот на секое дете. За да им се обезбеди среќна семејна средина, постојат неколку чекори што треба да ги преземат бабите и дедовците, и постојат неколку работи што бабите и дедовците никогаш не треба да ги прават.

Не смеат да објавуваат секакви работи на социјалните мрежи – Иако многу баби и дедовци немаат социјални мрежи, важно е оние што се запознаени со технологијата да почитуваат неколку непишани правила: да не објавуваат несоодветни фотографии од внуците, да не претеруваат со коментарите и да не пишуваат нејасни статуси.

Не треба да предлагаат имиња за бебињата – Изборот на името треба да го направат самите родители, а слушањето на неоправданите мислења на другите е тешко.

Не смеат да купуваат големи подароци без да се консултираат со родителите – Без оглед за што се работи, бабите и дедовците секогаш треба да се консултираат со родителите кога станува збор за купување големи подароци.

Не смеат да им ги наметнуваат политичките и духовните верувања на внуците – Иако можеби мислат дека е важно да се воспитуваат внуците на правилен начин, тие не смеат да им наметнуваат какви било верувања.

Не смеат да имаат омилено внуче – Повеќето баби и дедовци не сфаќаат дека го прават ова, но треба да знаат дека може да предизвикаат емоционални рани кои никогаш не зараснуваат.

Не смеат да прават мајките да се чувствуваат виновни за што било – Изборот на мајката дали да дои или да го храни бебето со адаптирано млеко е исклучиво нејзин. Мислењето на бабата е сосема непотребно.

Не смеат да ги игнорираат поставените правила за исхрана – Ако родителите на детето се одлучиле за исхрана без млечни производи, без шеќер и без глутен, бабите и дедовците не треба да го менуваат тоа.

Не смеат да зборуваат лошо за членовите на семејството – Без разлика колку и да се фрустрирани, тие не смеат да кажуваат лоши работи ниту за мајката ниту за таткото на децата.

Не треба да очекуваат нивните деца да ги воспитуваат децата на ист начин како нив – „Во наше време“ беше добро за тој период. Времињата се менуваат, родителството еволуира, а добрите баби и дедовци успеваат да се приспособат на овие промени.

Не смеат да ги споредуваат внуците – Иако еден од вашите внуци можеби е подобар спортист или подобар ученик од другиот, но не треба да го споменувате тоа.

Не смеат да ги советуваат мајките да работат или да останат дома – Иако порано беше норма мајката да остане дома, тоа не е секогаш реално или пожелно за модерните мајки.

Извор



912

X