Големо семејство со пет или повеќе деца повеќе не е тренд.

На родителите сега им требаат што помалку трошоци. Но, кој е магичниот број на деца што треба да ги имате за да имате среќен дом?

Некои велат колку помалку, толку подобро, но една нова студија дошла до шокантен одговор. Според истражувањето на 7.000 мајки во САД од 2013 година, спроведено од „TODAY“, мајките што имаат три деца се прилично под голема количина на стрес, но мајките на четири деца имаат пониски нивоа на стрес.

Тоа не звучи баш логично. Што е поентата? Д-р Џенет Тејлор е психијатар и мајка на четири деца и воопшто не била изненадена од наодите од истражувањето. „Едноставно нема доволно простор во вашата глава“, објаснува д-р Тејлор. „Тоа станува режим за преживување“.

Истата анкета покажала дека големиот стрес што ги оптоварува мајките е од желбата да бидат совршени. Неверојатни 75 проценти од мајките велат дека се под стрес поради притисокот што си го вршат врз себе за да бидат совршени родители и да избегнат осудување од другите.

Под колкав стрес се мајките? На скала од 1 до 10, при што 10 е највисокото ниво, просечна мајка во истражувањето добила оцена 8,5.

За што мислите дека мајките би можеле да бидат под стрес? Па, многу работи предизвикуваат такви чувства – од финансиски прашања до балансирање на работата со полно работно време и потоа обврските кои ги чекаат дома, подготвување вечера и грижа за сите. Многу мајки, исто така, имаат чувство дека нивните сопрузи никогаш нема да им помогнат, а и сопругот можеби претставува едно од нивните деца, кое секогаш го бара нејзиното внимание.

Други статистики на оваа тема? 46 отсто од мајките рекле дека нивните сопрузи/партнери им предизвикуваат поголем стрес отколку нивните деца, а 72 отсто од мајките се под дополнителен стрес затоа што се под стрес. Јасно е нели?

Најголемата причина за стрес? 60 проценти од мајките велат дека тоа е резултат на немањето време да направат сѐ што треба. А, 9 од 10 мајки, пак нагласуваат дека се под стрес затоа што сакаат да останат фит и привлечни.

Сепак, д-р Тејлор смета дека стресот кај мајките има голема врска и со верувањето дека „практиката доведува до совршенство“.

„Колку повеќе деца имате, толку посигурни станувате во своите родителски способности“, продолжува д-р Тејлор. „Треба да се ослободите… и тогаш сте само благодарни што сите пристигнале на училиште навреме“.

Значи, ако сакате да престанете да се грижите за мајчинскиот стрес, треба да ја земете предвид идејата да имате четири деца.

Автор: Никол Вивер

Извор



912

X