Речиси три четвртини од родителите се загрижени за времето што нивните деца го поминуваат пред екраните, покажаа студиите. Но, проблемот не е само кај децата. Пред да се грижите за тоа колку децата користат паметни телефони, треба да размислите за вашите навики.

Секојпат кога родителот и детето се обидуваат да исклучат игра или да го остават уредот, тие се борат со невидлива армија од експерти за дизајн на однесување чија задача е да ни отежнат на сите нас да го тргнеме погледот од екранот.

Луѓето што создаваат апликации и игри работат со експерти од областа на психологијата за заедно да ги пронајдат видовите содржини што најмногу ќе нè ангажираат.

Едноставно кажано, убедливиот дизајн ја комбинира психологијата на однесувањето со технологијата за да го промени човечкото однесување. Тоа е одговорот на повеќегодишното прашање: „Зошто децата се толку залепени за уредите?“

Негативното влијание на паметните телефони врз развојот на детето

Ризиците од користењето паметни телефони кај децата привлекоа големо внимание во последниве години. Во академската заедница се зголемува загриженоста дека децата многу често имаат речиси неограничен пристап до модерната технологија, без разлика дали преку сопствена иницијатива или преку иницијатива наметната од родителите во форма на смирување на различните форми на хиперактивност кај детето.

Но, пред родителите да се грижат за користењето на паметниот телефон на нивните деца, треба да ги погледнат сопствените навики. Родителите треба да размислат каква слика им проектираат на своите деца.

Кои решенија би можеле да помогнат?

Добра идеја е да го одложите давањето паметен телефон на вашето дете колку што можете подолго. Ако мислите дека им треба телефон, да речеме, за да се возат во автобус, можете да им набавите традиционален наместо паметен. Сè уште се продаваат. А потоа, кога ќе добијат паметен телефон, има апликации кои им овозможуваат на родителите да го ограничат бројот на часови на децата на својот паметен телефон, како и во кое време од денот го користат.

Зошто родителите НАВИСТИНА треба да ги остават своите телефони настрана?

Малите деца, на некој начин, зависат од вниманието на нивните родители. Од ова внимание зависи и нивниот социјален и емоционален развој. Неколку неодамнешни студии покажуваат каква штета можат да направат родителите кога се физички присутни, но расеани и помалку реагираат бидејќи се на нивните паметни телефони.

Истражување број 1: Мајките на мобилни телефони имаат понегативни и помалку отпорни деца.

Истражување број 2: Децата се чувствуваат неважни и мора да се натпреваруваат со паметни телефони за вниманието на родителите.

Истражување број 3: Расеаното внимание на родителите му штети на социјалниот/емоционалниот развој на децата.

Истражување број 4: Употребата на мобилен телефон му пречи на здравото родителство.

Извор



912

X