Кога помислувам на Божиќ од моето детство, има една година што сè уште ја паметам. Имав околу 10 години, ги поминувавме празниците со целото семејство, а сите жени околу мене беа дотерани за пригодата. Светкави фустани, црвени кармини и штикли. Но, она на што најмногу се сеќавам се мидерите – моите тетки, роднини и мајка ми останаа мали жени (за разлика од мене), но сепак инсистираа да ги вметнат своите тела во тесни мидери за да не изгледаат „многу дебели“ во нивните фустани.

Само се сеќавам како се чувствував кога ми нудеа совети за подобрување на мојот изглед

На вечерата го набљудував начинот на кој јадат. Ќе ставеа по едно лажиче од храната во чиниите, а повеќето од мажите земаа од секоја намирница како да ќе им биде последна. Некој се пошегува за моето преголемо стомаче. „Не си правиш добро“, ми рече една тетка. Не се послужи со десерт вечерта, но гледаше со поглед искомбиниран од тага и завист кога другите јадеа. Божиќ додека бев дете беше голем настан. Целото семејство се собираше, но голем дел од женските фигури во семејството беа опседнати со своите тела. Дури и на 10 години сфатив дека јас сум поголема од сите нив (во тежина).

Многу малку други спомени ми се појавуваат во глава со толкава јасност од детството. Дури се мачам да се сетам на некои подароци. Не се сеќавам какво беше чувството да ги прегрнам моите баба и дедо пред да починат. Само се сеќавам како се чувствував кога ми нудеа совети за подобрување на мојот изглед. Не се сеќавам на вкусот на вкусните торти, само на вината што ја чувствував кога ги јадев опколена од жени кои коментираа како ќе започнат нова диета на новогодишната ноќ.

Поради тоа и многу други причини не можам да си помогнам, а да не истакнам дека еден одреден гостин нема да биде поканет на годинешната божиќна вечера – а тоа е зборувањето за диети. Има безброј начини на кои оваа празнична сезона е различна за моите девојчиња или кој било друг на нивна возраст. Големите собири со семејството сега не се препорачливи поради пандемијата. Моето семејство ќе се ограничи само на две поблиски семејства со внимателност, за да се зачува безбедноста. Ако нешто научивме годинава, тоа е дека ништо не ни е гарантирано. Се обидувам да создадам спомени кои моите девојчиња ќе ги помнат, а тоа не сакам да бидат спомени за зборување за изгледот и телото. Не сакам да помнат како мајка им „влегувала“ во тесен мидер за да изгледа послабо. Не сакам да развијат вина ако јадат храна или, пак, уживаат во храната за време на празниците. Не сакам да гледаат на своите тела со осуда – бидејќи сето тоа знам дека ќе им влијае врз траекторијата на нивните животи, и тоа не на подобро.

Мораме да се осигуриме дека нивните тела никогаш нема да бидат ставени како тема-проблем во нашите домови

Не сакам да прават планови за новата година посветени на достигнување совршена убавина. Сепак, не сум наивна. Знам дека нема да можам целосно да ги заштитам од сето тоа. Зборувањата за диети и совршено тело се дел од нашата култура. Како што ќе растат и ќе ги гледаат сите оние списанија и објави на социјалните мрежи, ќе научат дека празниците и советите за слабеење одат рака под рака за генералната публика. Сепак, верувам дека децата учат да зборуваат и да мислат за нивните тела во зависност од тоа што го слушаат од нивните родители. Јас ќе им помагам да развијат основа базирана на емпатија. Како што рече моја пријателка кога ги споделив чувствата за оваа тема: „Дури и ако имаат тешкотија со ова, надежта е дека она на кое ќе ги научиш ќе им овозможи да ги надминат предизвиците кои се неизбежни, а не да бидат уништени од нив“.

Ако сакаме подобро време за нив, мораме да се осигуриме дека нивните тела никогаш нема да бидат ставени како тема-проблем во нашите домови. Мораме да направиме подобро и за себе – можеме да започнеме да зборуваме за нашите тела како што би сакале тие да зборуваат за нивните – не со срам и вина, туку со љубезност. Секогаш љубезност и учтивост.

Автор: Мери Саутард Оспина

Извор



912

X