Иако во минатото луѓето често го имаа своето прво дете уште во текот на нивните дваесетти години, ако не и порано, времињата се променија, па според Фондот за население на Обединетите нации, просечната возраст на жените што го родиле своето прво дете сега е над 30 години во земји како Италија, Јапонија, Кореја и Шпанија. Но, зошто е така?

Животот станува поскап

Мајкл Херман, постар советник од Фондот за население на Обединетите нации, вели дека токму трошоците за основање семејство може да ги одвратат луѓето од оваа идеја. Освен облека, чевли и храна, постојат многу различни начини на кои родителите треба да инвестираат во своите деца. На пример, во Кореја се зголемуваат трошоците за програми за високо образование.

Денешните жените живеат различни животи

Жените деновиве имаат многу повеќе можности, особено кога станува збор за кариера, отколку што имале жените во минатото. Во текот на минатиот век жените често работеле сè до моментот кога основале семејство и имале деца. Потоа тие останувале дома и се грижеле за домаќинството и децата, додека денес ситуацијата е поинаква и многу мајки се чувствуваат подготвени да се вратат на работа по само неколку месеци од породувањето.

Сите го бараат совршениот партнер

Првиот чекор за создавање семејство обично не е да се има дете, туку да се најде совршен партнер. Дури и луѓето што планираат посвојување честопати го прават тоа откако ќе пронајдат партнер со кого ќе го споделат животот. За жал, светот не е секогаш најпозитивното и најубаво место, затоа и многу млади луѓе изјавуваат дека сега, во ерата на технологијата, се чувствуваат поосамени од кога било. Сè што сакаат можат да го нарачаат и да го добијат преку испорака, кариерите се на нивните лаптопи, а луѓето имаат сè помалку и помалку потреба да излезат и да се дружат, па избираат да останат дома гледајќи телевизија или сурфајќи на интернет, и затоа засновањето семејство трае подолго.

Долго време се во опуштена врска без обврски

Дури и ако имате доволно среќа да најдете некој што ве сака толку колку што вие го сакате, тоа сепак не значи дека сте во среќна врска и дека ќе трае вечно. Исто така, поради опуштениот животен стил и другите вредности што се во фокус, многу млади денес претпочитаат да имаат опуштени врски без многу обврски, или да уживаат „без прстен на раката“. Според тоа, истражувањата покажуваат дека младите не се наклонети кон бракот како што биле порано и дека честопати ги одложуваат „обврските“ како што се свадбите, а тоа пак предизвикува одложување на родителството.

Страв од неизвесна иднина

Генерацијата милениумци, иако сè уште се млади и нивните животи може да изгледаат забавни и лесни, исто така се соочуваат со многу проблеми. Зад нив, но и пред нив е тежок период на невработеност, наоѓање работа и можни отпуштања. Неплатено стажирање, ниско платени работни места, за жал, обично се нивна иднина на патот кон финансиската независност. Дури и по рецесијата, светот го погоди пандемијата, што повторно ќе промени одредени работи, а сето тоа ќе влијае врз многу одлуки, од кои едната секако е одложување на основање семејство поради несигурност.

Извор



912

X