Жена од Мали роди девет бебиња во болница во Мароко, што се смета за светски рекорд за најмногу родени живи деца при едно породување.

Халима Сисе очекувала да роди седум бебиња, но ултразвукот направен во Мароко и на Мали пропушти две бебиња. Бебињата, пет девојчиња и четири момчиња, биле родени со царски рез.

Бременоста на 25-годишната Сисе ја воодушеви западноафриканската нација и им го привлече вниманието на властите. Кога лекарите во март инсистирале дека на жената ѝ е потребна специјалистичка нега, имајќи ја предвид специфичната бременост, лидерот на земјата, Бах Ндау, наредил жената да биде испратена во Мароко.

Халима со помош на тимот лекари-специјалисти успешно се породила и сите бебиња се во добра здравствена состојба.

Извор



912

X