Иако повеќето можеби го знаат Зак Галифианакис како урнебесниот Ален од „Мамурлак“, актерот и комичар е нешто сосема спротивно во реалниот живот.

Зак има два сина со сопругата Квин Лундберг. Додека Галифианакис се обидува да го држи своето семејство подалеку од центарот на вниманието, тој сподели неколку слатки ситници со јавноста. Актерот се ожени со својата сопруга Квин Лундберг во Ванкувер, Канада, во 2012 година. Лундберг е коосновач на добротворна организација и се обидува да остане подалеку од очите на јавноста.

Повремено се појавува на црвениот тепих со нејзиниот сопруг, но нема да најдете фотографии од нивното семејство на „Инстаграм“ бидејќи изгледа дека нема јавни профили на социјалните мрежи.

Иако одвреме-навреме зборува за татковството во интервјуа, актерот е прилично затворен кога се во прашање неговите два сина, на возраст од 4 и 7 години.

Иако има глумено во неколку филмови наменети за деца, актерот изјави дека неговите синови воопшто не знаат што работи тој.

– Моите деца мислат дека сум библиотекар. Не знаат. Мислат дека сум помошник библиотекар – вели тој.

Причината за тоа е што актерот се обидува да ги заштити своите деца од својата слава. Во интервју од 2016 година Зак објаснува дека неговиот најстар син еднаш го препознал на голема слика во автобус, но морал да негира дека е тој.

– Не знаев што да кажам бидејќи никогаш не сум размислувал за тоа – вели актерот.

Бидејќи неговите синови мислат дека е библиотекар, логично е дека нема да го гледаат филмот „Мамурлак“.

– Никогаш нема да дознаат. Едноставно ќе демантирам. Ќе им речам: „Не знам за што зборувате. Немав никаква врска со филмот“ – вели Зак.

-Сакам да ја заштитам нивната невиност што е можно повеќе. Тие се само деца – додава тој и истакна дека неговите деца мора да созреат пред да го гледаат „Мамурлак“.

Извор



912

X