Крадењето не е убава постапка, оној што краде не размислува за чувствата на оној на кој му го украл нештото, дека тоа многу му значело и сега е тажен. Во сказната „Водопадот на божилакот“ Боби и Биби се соочуваат со таква ситуација. Боби сфаќа дека не е најстрашно кога ќе снема бонбони или шеќерна волна, туку дека има други поважни работи. И дека кога се работи тимски, кога другарчињата си помагаат, ќе се најде решение на проблемот.

– Што е страшно? Да не снемало свилени бонбони!? Или шеќерна волна? А јас се надевав дека ќе јадам свилени бонбони цел викенд, уф… – рече Боби.
– Пссст, Боби! – го прекори Биби.
– Биби, Боби, добро што сте тука! – им довикна Алфеј слетувајќи до нив. – Ноќеска се случило нешто ужасно!
– Што, што се случило? Снемало шеќерна волна??? – праша Боби.
– Некој го украл божилакот! Најголемиот божилак во скриената долина, кој го красеше нашиот водопад! Кој би можел да го стори тоа!?
– А божилак беше…? – не му текнуваше на Боби.
– Виножитото! – му објасни Биби.
– Аааа. Ау, е да, тоа е страшно – заклучи Боби. – Но, ние, заштитниците на шумата, ќе го најдеме крадецот. И тоа веднаш!
– Така е! Јееј!
– Уееееј! Хееееј! Ееееееј! Заштитниците на шумата! – се радуваа еднорозите.
– И јас ќе дојдам со вас! Ви благодарам што ни помагате! – рече Алфеј.
И така, Биби, Боби и Алфеј, придружувани од Зази и Зина, појдоа да ја испитаат околината на водопадот.



912

X